13 Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.”
14 Устата на блудницата е длабока јама, и на кого се лути Господ, паѓа таму.
15 Глупоста се прилепува до срцето на детето, прачката на поуката ја отстранува од него.
16 Кој го угнетува бедниот за да се збогати, и кој дава на богатиот - ќе осиромашат.
17 Беседи на мудреците: наведни го увото и чуј го моето слово и земи го при срце моето знаење,
18 зашто е пријатно ако ги пазиш во твојата внатрешност и ако ти бидат на твоите усни.
19 За да биде твојата надеж во Господа, денес те поучувам и тебе.