16 Кој го угнетува бедниот за да се збогати, и кој дава на богатиот - ќе осиромашат.
17 Беседи на мудреците: наведни го увото и чуј го моето слово и земи го при срце моето знаење,
18 зашто е пријатно ако ги пазиш во твојата внатрешност и ако ти бидат на твоите усни.
19 За да биде твојата надеж во Господа, денес те поучувам и тебе.
20 Ти напишав триесет пати што совети, што поуки,
21 за да те поучам на зборовите на вистината, да можеш со веродостојни зборови да му одговориш на оној, кој ќе те запраша.
22 Не ограбувај го бедниот зашто е беден, и не гази го сиромашниот во судот,