2 Богатиот и сиромавиот се сретнуваат: Господ ги создаде двајцата.
3 Претпазливиот го предвидува злото и се скрива, а неразумните одат напред, и претрпуваат казна.
4 Наградата за понизност е: страв од Господа, богатство, слава и живот.
5 Трње и примки се на патот на измамникот; кој го чува својот живот, далеку е од двете.
6 Упатувај го детето по неговиот пат, па кога и ќе остари, нема да отстапи од него.
7 Богатиот владее над бедните, а должникот е слуга на позајмувачот.
8 Кој сее неправда - жнее жалост, и прачката на неговиот гнев ќе го удри него - самиот.