24 Не спријателувај се со гневлив, и не оди со бесен човек,
25 за да не свикнеш на неговите патишта и да не наместиш стапица за својата душа.
26 Не биди меѓу оние што даваат рака, кои емчат за долгови;
27 ако немаш со што да надоместиш, зошто да ти ја одземат и постелата од под тебе?
28 Не преместувај ги старите меѓи, што ги поставија твоите татковци.
29 Дали си видел човек трудољубив во својата работа? Таквиот има пристап при царевите и не им служи на простаците.