8 Кој сее неправда - жнее жалост, и прачката на неговиот гнев ќе го удри него - самиот.
9 Милостивото око бидува благословено, зашто дава од својот леб на бедниот.
10 Истерај го потсмевачот и ќе прекрати раздорот, и ќе исчезнат неслогата и навредата.
11 Тој кој љуби чисто срце, и кој има љубезни усни, царот му е пријател.
12 Господовиот поглед го чува знаењето, а Тој ги отфрлува зборовите на неверникот.
13 Мрзливецот вели: „Лавот е надвор, би ме убил среде улицата.”
14 Устата на блудницата е длабока јама, и на кого се лути Господ, паѓа таму.