1 Не фали се со утрешниот ден, зашто не знаеш што може денот да донесе.
2 Нека те фали друг, а не твојата уста, туѓинец - а не твоите усни.
3 Каменот е тежок и песокот е тежок, ама и од двете е потежок безумниковиот бес.
4 Јароста е свирепа и гневот е жесток, но кој ќе и одолее на љубомората?
5 Јавниот укор е подобар, отколку лажната љубов.
6 Ударите од пријателот се искрени, а бакнежите на непријателот, изобилни.
7 Наситената душа го презира медот, а на гладната, и сè горчливо - му е слатко.