11 Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува.
12 Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат.
13 Земи му ја облеката на оној, кој емчи за друг, и ограби го место туѓинецот.
14 Кој го поздравува својот пријател гласно, а рано наутро, тоа му се смета како клетва.
15 Покривот што прокиснува за време на пороен дожд и препирлива жена - едно исто се,
16 кој неа ја крие, го крие ветерот и фаќа масло со десницата.
17 Железо се остри со железо, и човекот го остри лицето на својот пријател.