15 Покривот што прокиснува за време на пороен дожд и препирлива жена - едно исто се,
16 кој неа ја крие, го крие ветерот и фаќа масло со десницата.
17 Железо се остри со железо, и човекот го остри лицето на својот пријател.
18 Кој ја чува смоквата, јаде од нејзиниот плод, и кој го чува својот господар, ќе биде почитуван.
19 Како што во водата се одразува лице од лице, така и срцето го одразува човекот.
20 Смртта и Пропаста не можат да се заситат, а така ни човечките очи.
21 Топилницата е за сребро и печката за злато, а човекот се познава по устата што го фали.