22 Да го истолчиш безумникот со толчник во сад за толчење со зрна, пак неговото безумство нема да го остави.
23 Грижи се внимателно за својот добиток, и грижи се за стадата,
24 зашто богатството не трае довека; ниту круната од колено до колено.
25 Кога тревата никнува и зеленило се покажува и се собира планинското билје,
26 тогаш јагнињата ти се за облека, и јарињата за купување на ниви;
27 тогаш имаш во изобилство козјо млеко за своја храна и за храна на својот дом, и за исхрана на своите прислужнички.