6 Ударите од пријателот се искрени, а бакнежите на непријателот, изобилни.
7 Наситената душа го презира медот, а на гладната, и сè горчливо - му е слатко.
8 Како птица далеку од своето гнездо, таков е човекот, кој е далеку од својот роден крај.
9 Како што маслото и мирисот го веселат срцето, така и сладоста на пријателот преку срдечен совет.
10 Не оставај ги: својот пријател, ни татковиот пријател, и не влегувај во братовата куќа, кога си во несреќа; подобар е соседот во близина, отколку братот далеку.
11 Биди мудар, сине мој, и зарадувај ми го срцето, за да можам да му одговорам на оној, кој ме укорува.
12 Умниот човек го забележува злото и се засолнува, а глупаците одат безгрижно и страдаат.