1 Зборови на Агур, Јаќеев син, од Маса; негово пророштво за Итиел, за Итиел и Укал.
2 Да, преглуп сум за да бидам човек, и немам човечки разум.
3 Не придобив мудрост, и не ги познавам знаењата на Светецот!
4 Кој се вознесе на небо и слезе? Кој го фати ветерот во своите грсти? Кој ги собра водите во својата наметка? Кој ги постави земските краишта? Како се вика и како му се вика синот? Знаеш ли?
5 Секое Божјо слово е испитано, Тој им е штит на оние, кои се надеваат на Него.