11 Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка!
12 Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии.
13 Род со издигнати очи, кој ги крева високо своите клепки!
14 Род чии заби се мечеви, а челустите ножеви, за да ги изеде несреќните на земјата и бедните меѓу луѓето!
15 Пијавицата има две ќерки: „Дај! Дај!” Суштествуваат три ненаситни работи; и четири што не велат: „Доста!”
16 Смртта, неплодната утроба, земјата што никогаш не се сити со вода, и огнот што никогаш не вели: „Доста!”
17 Окото што му се потсмева на таткото и одречува послушност на мајката, ќе го исколваат поточните гаврани и ќе го изедат млади орли.