17 Окото што му се потсмева на таткото и одречува послушност на мајката, ќе го исколваат поточните гаврани и ќе го изедат млади орли.
18 Три нешта ми се чудни, а четвртото не го разбирам:
19 орловиот пат по небото, змииниот пат по стената, патот на бродот среде морето, и патот на мажот кон девојката.
20 Таков е патот на прељубницата: ќе се најаде, ќе ја избрише устата и вели: „Не згрешив. „
21 Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи:
22 од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб;
23 од разведена жена кога ќе се мажи, и од слугинката, која ќе ја истисне својата господарка.