21 Од три нешта се тресе земјата, а четвртото не може да го трпи:
22 од роб кога ќе стане цар, и кога простиот ќе се насити леб;
23 од разведена жена кога ќе се мажи, и од слугинката, која ќе ја истисне својата господарка.
24 Четири нешта се мали на земјата, но се помудри од мудрите:
25 мравките, нејаки суштества, што лете ја приготвуваат храната за себе;
26 јазовците, суштества без сила; што во стена си изградуваат куќа;
27 скакулците, кои немаат цар, а сите одат по дружини;