25 мравките, нејаки суштества, што лете ја приготвуваат храната за себе;
26 јазовците, суштества без сила; што во стена си изградуваат куќа;
27 скакулците, кои немаат цар, а сите одат по дружини;
28 гуштер, што се фаќа со рака, а проникнува во царските дворци.
29 Три нешта имаат убав чекор, а четвртото убаво оди:
30 лавот, јунак меѓу ѕверовите, што не се повлекува пред никого;
31 петелот, што се шета смело меѓу кокошките; јарецот, што предводува стадо, и царот со својата војска.