7 За две нешта те молам: не откажувај ми ги, додека не умрам:
8 оддалечи ги од мене: суетата, и лагата; не ми давај ни сиромаштво ни богатство; храни ме со мојот насушен леб;
9 за да не се откажам од тебе, откако ќе се наситам, и да речам: „Кој е Господ?” Или осиромашувајќи - би крадел и би го онечистил името на својот Бог.
10 Не го клевети слугата пред неговиот господар, зашто би можел да те проколне, и да се најдеш виновен.
11 Има род кој го колне татка си и не ја благословува својата мајка!
12 Род кој мисли за себе дека е чист, а не е измиен од своите нечистотии.
13 Род со издигнати очи, кој ги крева високо своите клепки!