12 Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век.
13 Набавува волна и лен, и вешто работи со своите раце.
14 Таа е како трговски брод: оддалеку го донесува својот леб.
15 Таа станува уште во ноќта, ги храни своите домашни и им одредува работа на своите прислужнички.
16 Ако забележи нива ја купува; со плодот на своите раце сади лозје.
17 Со сила ги опашува своите бедра, и ги зајакнува своите мишки.
18 Гледа како и напредува работата: ноќе не и гасне светилката.