19 Со рацете посегнува по предилката, и со прстите го држи вретеното.
20 Ја отвора својата дланка на бедниот, ги испружува рацете кон оној кој има потреба.
21 Не се бои од снегот за своите домашни, зашто за сите деца има по две облеки.
22 Сама си шие покривачи, се облекува во лен и во црвено сукно.
23 Мажот и е славен на Вратите, каде што седи со земните старешини.
24 Ткае платно и го продава, и дава појаси на трговецот.
25 Облечена е со сила и достоинство и весело гледа на иднината.