21 Не се бои од снегот за своите домашни, зашто за сите деца има по две облеки.
22 Сама си шие покривачи, се облекува во лен и во црвено сукно.
23 Мажот и е славен на Вратите, каде што седи со земните старешини.
24 Ткае платно и го продава, и дава појаси на трговецот.
25 Облечена е со сила и достоинство и весело гледа на иднината.
26 Мудро ја отвора својата уста, и побожна наука и е на јазикот.
27 Внимава на поведението на своите домашни, и не го јаде лебот на мрзливоста.