7 Тој ќе пие и ќе ја заборави својата беда и не ќе си спомнува веќе за својата неволја.
8 Отворај ја својата уста за немиот, и за правото на сите несреќници што пропаѓаат.
9 Отворај ја својата уста, суди праведно, дај им ја правдата на бедниот и неволникот.
10 Кој ќе најде добродетелна жена? Таа вреди повеќе од бисери.
11 Мажовото срце се надева во неа, и не ќе му недостига печалба.
12 Таа му прави добро, а не зло, во сите дни на својот век.
13 Набавува волна и лен, и вешто работи со своите раце.