Исаија 1:11-17 MKB

11 „Зошто ми е мноштвото ваши жртви? - говори Господ. - Сит сум од овенски паленици и од мрсното на згоените телиња. И крвта Ми се згади од бикови, јагниња и јариња.

12 Кога доаѓате да Ми го видите лицето, кој од вас бара да гази по Моите преддворја?

13 Прекратете да Ми носите ништожни приноси, темјанот го замразив. Млади месечини, саботи и собори - не поднесувам празнувања и беззаконија.

14 Вашите млади месечини и празници ги мразам од сета душа - тешки Ми се, не можам да ги поднесам!

15 Кога ги ширите рацете за молитва, Јас ги одвраќам очите од вас. Само ги множите молитвите, Јас не ве слушам. Рацете ви се натопени во крв,

16 измијте се, очистете се. Отстранете ги од пред Моите очи нечесните дела, престанете да правите зло!

17 Учете се на добри дела: стремете се кон правдата, притекнете му на помош на угнетуваниот, помогнете му на сирачето до правдата, заземете се за вдовицата.”