1 Господ ми рече: „Земи голема плоча и напиши на неа со човечко писмо: Махер Шалал Хаш Баз - Брз грабеж - брз плен.”
2 Потоа зедов веродостојни сведоци, свештениците Уриј и Захариј, синот Еверехиев.
3 & се приближив на пророчицата, па таа зачна и роди син. Господ ми рече: „Наречи го Махер Шалал Хаш Баз,
4 зашто пред детето да почне да галеничи ‘тате’ и ‘мамо’, ќе ги однесат пред асирскиот цар сето богатство на Дамаск и пленот од Самарија.”
5 И Господ ми рече пак:
6 „Бидејќи народот ги отфрла тивко течечките води на Силоам, а трепери пред Ресин и пред Ремлиевиот син,
7 Господ ќе ја наврати на вас силната и голема вода Еуфрат - асирскиот цар и сета негова слава - и таа ќе излезе од своето корито, ќе се прелее преку своите брегови;
8 ќе навлезе во Јудеја, ќе се разлее и ќе ја преплави, ќе се искачи до нејзиното грло; и ќе ги рашири своите крила преку целата твоја земја, о Емануеле.
9 Здружете се само, народи, но ќе бидете здробени! Послушајте вие далечни цареви, вооружувајте се, ќе бидете раздробени, опашувајте се, ќе бидете раздробени!
10 Договорувајте се, договорот ќе ви биде уништен, советувајте се само, ќе биде напразно, зашто Бог е со нас!”
11 Зашто, Господ ми рече вака, кога ме фати со раката и кога ме опомена да не одам по патот по кој оди овој народ, велејќи:
12 „Не наречувајте го завера сè она што овој народ го вика завера; не плашете се од она од што се бои тој и немајте страв.
13 Господ над Воинствата - единствено Тој нека ви биде свет; бојте се единствено од Него, нека ве проникне стравот од Него.
14 Тој ќе ви биде стапица и камен на сопнување и стена на соблазнување за двете Израелеви куќи, стапица и мрежа за сите Ерусалимци.
15 Мнозина од нив ќе се сопнат, ќе паднат, ќе се разбијат, ќе се заплеткаат, ќе бидат фатени.”
16 Запази го ова сведоштво, запечати го ова откровение меѓу Моите ученици:
17 Ќе Го чекам Господа Кој го скрил Своето лице од Јакововиот дом - јас се надевам во Него.
18 Еве, јас и децата кои Господ ми ги даде сме знак и чудо за Израел, од Господа над Војските, Кој престојува на Сионската Гора.
19 Ако ви речат: „Прашајте ги духовите и оние кои пророкуваат за иднината, што шепотат и м’рморат” - одговорете: „Зар народот не треба да Го праша својот Бог? Зар мртвите се прашуваат за живите?”
20 Покрај Законот! Покрај сведоштвата! Ако не зборуваат според ова слово, нема светлина во нив.
21 Ќе скита по земјата угнетуван и гладен, гладна бес ќе го опфати, ќе ги проколнува својот цар и својот Бог.
22 Ако се заврти кон небото, погледне ли по земјата, ете, насекаде само мрак и стравотија, насекаде мрачна темнина. Но темнината ќе се распрсне зашто веќе ќе нема мрак, каде што е сега измачување.