1 И седум жени ќе се фатат за еден маж - во оној ден: „Ќе јадеме свој леб, ќе речат, и ќе се облекуваме во своја облека, дај ни само да го носиме твоето име, симни го од нас сиот наш срам.”
2 Во оној ден Господовиот Подник ќе биде убав и славен, а земниот плод за убавина и слава на спасените во Израел.
3 Кои ќе останат на Сион - и кои ќе преживеат во Ерусалим, ќе се наречат „свети” и ќе бидат запишани да живеат во Ерусалим.
4 Кога Господ го измие срамот на сионските ќерки и ја избрише од Ерусалим крвта пролеана од здивот на судот и од здивот што изгорува.
5 Ќе создаде Господ над сета Сионска Гора и над сите оние кои ќе бидат онаму на собор, облак со дим, дење, а ноќе блесок на пламен оган. Зашто, врз сето тоа Славата ќе биде засолниште.
6 И ќе има шатор за да засенува дење од припек, штит и засолниште од пороен дожд и од бура.