Исаија 15 MKB

1 Пророштво за Моав. Опустен во ноќта, разорен падна Моавскиот Ар! Разурнат во ноќта падна Моавскиот Кир!

2 Се искачуваат кон Девонскиот храм, на високи места за да плачат; за Нево и за Медев, Моав рида! Сите глави се истрижени, а сите бради избричени;

3 облекуваат вреќи на улиците, а ридаат на неговите покриви! Сите ридаат на неговите раскрсници и пролеваат солзи.

4 Лелекаат Есевон и Елеал, плачот се слуша до Јаса. Затоа им се тресат слабините на Моав, трепери неговата душа;

5 Моавовото срце липа, неговите бегалци одат до Сигор. Да, за да се искачуваат плачејќи по ридот Луит; по Оронаимскиот Пат се разлева лелек над пропаста.

6 Да! Нимримските води станаа пустина: тревата се исуши, тревите исчезнаа, нема веќе зеленило.

7 Затоа печалбата што ја спечалија и она што заштедија ги носат преку Потокот на Врбите.

8 Да! пискот се разлева низ моавскиот крај: ридањето му е до Еглаим, плачењето му е до Вир-Елим.

9 Да! Димонските води се полни со крв, и уште една несреќа му придавам на Димон: еден лав за моавските бегалци и за преживеаните во земјата.

поглавја

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43 44 45 46 47 48 49 50 51 52 53 54 55 56 57 58 59 60 61 62 63 64 65 66