Исаија 1:12-18 MKB

12 Кога доаѓате да Ми го видите лицето, кој од вас бара да гази по Моите преддворја?

13 Прекратете да Ми носите ништожни приноси, темјанот го замразив. Млади месечини, саботи и собори - не поднесувам празнувања и беззаконија.

14 Вашите млади месечини и празници ги мразам од сета душа - тешки Ми се, не можам да ги поднесам!

15 Кога ги ширите рацете за молитва, Јас ги одвраќам очите од вас. Само ги множите молитвите, Јас не ве слушам. Рацете ви се натопени во крв,

16 измијте се, очистете се. Отстранете ги од пред Моите очи нечесните дела, престанете да правите зло!

17 Учете се на добри дела: стремете се кон правдата, притекнете му на помош на угнетуваниот, помогнете му на сирачето до правдата, заземете се за вдовицата.”

18 „И сега дојдете, да бидеме прави, говори Господ. Ако ви бидат гревовите како црвено сукно, ќе бидат бели како снег; ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна.