Исаија 1:3-9 MKB

3 Волот го познава својот сопственик, а оселот јаслите на господарот - Израел не познава, Мојот народ не разбира.”

4 Ох, грешен ли народ, луѓе загазени во зло, злосторнички род, расипани синови! Го оставија Господа, Го презреа Израелевиот Светец, Нему Му ги свртија плеќите.

5 Па каде да ве удрам уште, кога и понатаму се бунтувате? Целата глава е болна, срцето изнемоштено;

6 од петицата до главата никаде здраво место, туку повреди, синила, отворени рани, ни очистени, ни завиткани, ниту заблажени со масло.

7 Земјата ви опусте, градовите оган ги спали, туѓинците ги ограбуваат вашите ниви, пред ваши очи - пустина, како разорена од туѓинци.

8 Сионската Ќерка остана како колиба во лозје, како полјачица во градина со краставици, како опсаден град.

9 Ако не ни беше оставил Господ над Воинствата Остаток, ќе бевме како Содом, слични на Гомор.