8 Сионската Ќерка остана како колиба во лозје, како полјачица во градина со краставици, како опсаден град.
9 Ако не ни беше оставил Господ над Воинствата Остаток, ќе бевме како Содом, слични на Гомор.
10 Чујте го Господовото слово, содомски главатари, послушај го Законот на нашиот Бог, гоморски народе!
11 „Зошто ми е мноштвото ваши жртви? - говори Господ. - Сит сум од овенски паленици и од мрсното на згоените телиња. И крвта Ми се згади од бикови, јагниња и јариња.
12 Кога доаѓате да Ми го видите лицето, кој од вас бара да гази по Моите преддворја?
13 Прекратете да Ми носите ништожни приноси, темјанот го замразив. Млади месечини, саботи и собори - не поднесувам празнувања и беззаконија.
14 Вашите млади месечини и празници ги мразам од сета душа - тешки Ми се, не можам да ги поднесам!