1 „Тешко им на оние што издаваат неправедни закони, кои пишуваат жестоки решенија;
2 кои им ја скратуваат правдата на бедните и и го одземаат правото на сиромаштијата на Мојот народ, за да ги ограбат вдовиците, за да ги опљачкаат сиромашните!
3 Што ќе правите во денот на казната кога пропаста ќе дојде оддалеку? Кому ќе му прибегнете за помош, каде ќе го оставите своето богатство,
4 за да не се наведнете меѓу робовите, за да не паднете меѓу убиените?” Покрај сè тоа, Неговиот гнев нема да се смири, Неговата рака ќе остане испружена.
5 „Горко ти Асирецу, бичу на Мојот гнев, прачко со која замавнува Мојот гнев!
6 Го испратив против неверен народ, на народ што ме разјари, за да го ограби и опљачка, за да го изгази како кал на улица.
7 Но тој не мислеше така, и не судеше така во срцето, туку во срцето создаде завера за истребување на многу народи.