19 ќе биде лесно да биде избројан, остатокот на горските стебла дете ќе ги запише лесно.
20 Во оној ден: Израелевиот остаток и преживеаните од Јакововата куќа, не ќе се потпираат веќе на оној кој ги бие, туку ќе се потпираат искрено на Господа, на Израелевиот Светец.
21 Остатокот ќе се врати, Јакововиот остаток при силниот Бог.
22 Навистина Израеле, твојот народ и да биде колку песок во морето, само неговиот Остаток ќе се врати, одредено е уништување, правдата се прелеа,
23 Господ, Господ над Воинствата, ќе ја уништи сета земја, како што ќе одреди.
24 Затоа Господ над Воинствата зборува вака: „О Мој народе што престојуваш на Сион, не бој се од Асирецот кога бие со бич, кога крева стап на тебе, како и Египет.
25 Зашто уште малку, многу малку, и ќе прекрати Мојот гнев, Мојата јарост ќе ги уништи.”