25 Зашто уште малку, многу малку, и ќе прекрати Мојот гнев, Мојата јарост ќе ги уништи.”
26 Господ над Војските ќе замавне со бич над нив како кога го удри Мадијам при стената Орив и ќе крене стап над морето како на Египетскиот Пат.
27 Во оној ден: ќе ти падне бремето од плеќи, и ќе го снема неговиот јарем од твојот врат.
28 Тој иде од Римон, доаѓа на Ајат, преминува преку Мигрон, го симнува бремето во Михмас.
29 Поминуваат низ клисури, ноќевалиштето им е во Гавај; Рама трепери, Сауловата Гаваја бега.
30 Викај гласно, ќерко Бат Галимова! Направи го да се чуе Лаис, беден Анатоте!
31 Мадмина побегна, гевимските жители избегаа.