1 Ќе речеш во оној ден: „Ќе Те славам Господи, Ти се разгневи на мене, ама Твојот гнев се одврати и Ти ме утеши.
2 Ете, Бог е мое спасение, се надевам, не се бојам веќе, зашто Господ е моја сила и песна, Тој е мој избавител.”
3 И со радост ќе црпите вода од изворот на спасението.
4 Ќе речете, во оној ден: „Фалете Го Господа, повикувајте Го Неговото име! Објавете им ги на народите Неговите дела, разгласувајте ја возвишеноста на Неговото име!