11 „Ќе го казнам светот за злото, безбожниците за беззаконието, ќе ја докрајчам горделивоста на горделивите, ќе ја понижам надуеноста на силниците.
12 Човекот ќе биде поредок отколку пречистено злато, смртникот поредок од офирското злато.
13 Ќе ги разнишам небесата, ќе се помрдне земјата од местото, од гневот на Господа над Воинствата, во денот на пламнатата Му јарост.
14 И тогаш, како исплашена газела, како овци што никој не ги собира, секој ќе му се врати на својот народ, секој ќе избега во својата земја.
15 Кого ќе го стигнат, ќе го пронижат, кого ќе го фатат, ќе го исечат со меч;
16 пред нивните очи ќе ги смачкаат нивните младенци, ќе им ги ограбат куќите, ќе им ги изнасилат жените.
17 Ете, ги кревам Мидијците против нив, кои не го ценат среброто и што го презираат златото.