Исаија 13:16-22 MKB

16 пред нивните очи ќе ги смачкаат нивните младенци, ќе им ги ограбат куќите, ќе им ги изнасилат жените.

17 Ете, ги кревам Мидијците против нив, кои не го ценат среброто и што го презираат златото.

18 Сите момчиња ќе бидат покосени, сите девојки сотрени, не ќе му се смилуваат на плодот на утробата, не ќе им се сожали окото на децата.

19 Вавилон, украс на царствата, убавина и горделивост халдејска, ќе биде како Содом и Гомор кога Бог ги сотре.

20 Никогаш веќе не ќе биде со жители, од род до род ќе остане ненаселен. Арабјанецот не ќе подига таму шатор, ниту пастирите ќе одморуваат таму.

21 Пустинските ѕверови ќе почиваат таму, бувовите ќе им ги наполнат куќите, ноевите ќе живеат таму, јарците ќе играат таму.

22 Хиените ќе вијат во неговите замоци, а чакалите во раскошните дворци. Неговото време наближува, деновите нема да му бидат продолжени.