2 „На голо брдо кренете знаме, викајте им со сето грло, мавтајте со рацете за да влезат низ кнезовските врати.
3 Јас им дадов заповед на Своите избраници, кон Својот гнев ги повикав Своите јунаци, кои го слават Моето величество.”
4 Чуј! Врева на планините како од мноштво народ. Чуј! Шум од царствата на собраните народи. Господ над Воинствата ја прегледува војската за бој.
5 Од далечен крај, од границите на небото доаѓаат тие, Господ и оружјата на Неговиот гнев, за да ја погубат целата земја.
6 Ридајте, зашто е близу Господовиот ден, како гибел доаѓа од Сèмоќниот.
7 И затоа сите раце ослабуваат, секое човечко срце се истоштува,
8 стравотија ги обори, веќе ги опфатија труднички болки, и се грчат како родилка. Исплашени се набљудуваат еден друг, лицата им се како пламен.