4 Чуј! Врева на планините како од мноштво народ. Чуј! Шум од царствата на собраните народи. Господ над Воинствата ја прегледува војската за бој.
5 Од далечен крај, од границите на небото доаѓаат тие, Господ и оружјата на Неговиот гнев, за да ја погубат целата земја.
6 Ридајте, зашто е близу Господовиот ден, како гибел доаѓа од Сèмоќниот.
7 И затоа сите раце ослабуваат, секое човечко срце се истоштува,
8 стравотија ги обори, веќе ги опфатија труднички болки, и се грчат како родилка. Исплашени се набљудуваат еден друг, лицата им се како пламен.
9 Ете доаѓа лутиот Господов Ден гнев и јарост - за да ја претвори земјата во пустина, за да ги истреби грешниците од неа.
10 Зашто небесните ѕвезди а ни соѕвездијата не ќе блескаат веќе со светлина, сонцето ќе потемнее изгревајќи, и месечината не ќе свети веќе.