1 Да, ќе му се смилува Господ на Јакова и пак ќе го избере Израел, ќе му даде да почине во својата земја. Ќе му се придружи придојденикот и ќе му се приклучи на Јакововиот дом.
2 Самите народи ќе дојдат по нив и ќе ги одведат во нивниот крај, а Израелевиот Дом ќе ги наследи нив во Господовата земја како слуги и слугинки. И ќе ги заробат оние кои ги пленија нив, и ќе господарат над своите угнетувачи.
3 Во денот кога Господ ќе ти даде да починеш од своите страдања, немири и од тешкото робување со кои те притиснаа,
4 ќе му ја запееш оваа пословица на вавилонскиот цар: „Како го снема насилникот? Како исчезна угнетувањето?