13 Зборуваше во своето срце: ‘Ќе се искачам на небесата, над Божјите ѕвезди ќе си издигнам престол за себе. На собирната гора ќе престолувам, на краен север.
14 Ќе се искачам во облачните висини, ќе бидам еднаков со Сèвишниот.’
15 А се сруши во Подземјето, во длабочините на пропаста!
16 Кои те видоа, те набљудуваат и размислуваат за тебе: ‘Дали е ова човекот кој ја тресеше земјата и ги разнишуваше царствата,
17 кој го претворуваше светот во пустина и на земјата ги срамнуваше градовите, кој никогаш не ги пушташе дома своите заробеници?’
18 Царевите на народите почиваат сите во чест, секој во својата гробница.
19 А ти си исфрлен и од гробот, како одвратен смет, покриен со заклани, со прободени од меч, што се расфрлени по гробните плочи како згазен труп!