2 Самите народи ќе дојдат по нив и ќе ги одведат во нивниот крај, а Израелевиот Дом ќе ги наследи нив во Господовата земја како слуги и слугинки. И ќе ги заробат оние кои ги пленија нив, и ќе господарат над своите угнетувачи.
3 Во денот кога Господ ќе ти даде да починеш од своите страдања, немири и од тешкото робување со кои те притиснаа,
4 ќе му ја запееш оваа пословица на вавилонскиот цар: „Како го снема насилникот? Како исчезна угнетувањето?
5 Господ го скрши злосторничкиот стап и владетелското жезло
6 што бесно ги биеше народите со удари без крај, што владееше гневно над народите, прогонувајќи ги без милост.
7 Во починка мирува сета земја воскликнувајќи од радост.
8 Чемпресите и ливанските кедри ќе се радуваат над тебе, велејќи: ‘Откако падна, дрвосечачите не доаѓаат веќе да нè сечат!’