Исаија 14:21-27 MKB

21 Подгответе колеж на децата за беззаконијата на нивните татковци, за да не се кренат веќе да ја освојуваат земјата и да не го покријат лицето на светот!”

22 „Ќе станам против нив - вели Господ над Војските, и ќе му ги сотрам на Вавилон името и Остатокот, родот и породот - вели Господ.

23 Ќе им го дадам во сопственост на ежевите и на мочуриштата. Ќе го изметам со гибелна метла,” говори Господ над Воинствата.

24 Господ над Воинствата се заколна: „Што намислив, ќе се збидне, што наумив, ќе се изврши!

25 Ќе ја скршам Асирија во Својата земја, ќе ја згазам на Своите гори. Неговиот јарем ќе падне од нив, неговото бреме ќе падне од нивните плеќи.

26 Таква одлука е донесена против целата земја; таква рака е испружена против сите народи!

27 А кога Господ над Војските одлучи, кој ќе се воспротиви? Кога ќе ја испружи раката, кој ќе ја одврати?”