Исаија 16:2-8 MKB

2 Како разбегани птици, како растурено гнездо, ќе биде моавската ќерка при Арнонските Бродови.

3 Дај ни совет, донеси одлука! Среде пладне распрости ја својата сенка како ноќ. Засолни ги протераните, не предавај ги бегалците.

4 Остави ги протераните да престојуваат при Тебе, Моаве, биди им закрила пред разурнувачот. Кога ќе докрајчи измачувачот, кога ќе го снема опустувачот, кога ќе исчезне угнетувачот од земјата,

5 ќе се утврди престолот со милост и на него ќе седи верно, во Давидовиот шатор, судија кој ја бара правината и ја врши правдата.

6 Чувме за Моавовата гордост, за прекумерна гордост, за гордоста, за надуеноста и за самонатценувањето, суетно е неговото фалење.

7 Затоа ридаа Моавците за Моав сите тажат заедно, за низи од суво грозје од Кир-Аресет тажат горчливо поразени.

8 Зашто овенаа есевонските ниви, сивамските лозја, и лисјата им ги исчукаа господарите на народите. Достигаа до Јазир, навлегуваа во пустината; неговите гранчиња се ширеа сè до морето.