Исаија 16:8-14 MKB

8 Зашто овенаа есевонските ниви, сивамските лозја, и лисјата им ги исчукаа господарите на народите. Достигаа до Јазир, навлегуваа во пустината; неговите гранчиња се ширеа сè до морето.

9 Затоа плачам за сивамското лозје како што плаче Јазир, јас те залевам со солзи, Есевон и Елеал! Зашто во времето на твојот гроздобер и на твојата жетва, нема веќе шумна радост,

10 ги снема од плодоносното поле веселбата и радоста. Во лозјата не се пее весело, не се воскликнува од радост; не се гнече грозјето во садовите молкна подвикувањето.

11 Затоа мојата утроба за Моав трепери како харфа, а моите гради за Кир-Ерес.

12 Напразно се покажува Моав, се изморува на високите места, доаѓајќи во светилиштето за да се моли: ништо не ќе постигне.

13 Ова е словото што некогаш Господ го рече против Моав.

14 А сега Господ зборува вака: „За три години, наемнички години, Моавовата слава, со сето негово големо мноштво, ќе потемни, а што ќе остане од неа, ќе биде малечко, слабо и немоќно.”