Исаија 17:1-7 MKB

1 Пророштво за Дамаск. „Ете, Дамаск ќе прекрати да биде град, и ќе стане куп урнатини;

2 неговите гратчиња, напуштени довека, ќе бидат пасиште за стадата; ќе лежат во нив, и никој не ќе ги тера.

3 Ефрем ќе ги изгуби тврдините, а Дамаск царството; на остатокот на Сирија ќе му се случи што и на славата на Израелевите синови - Слово е на Господ над Воинствата.

4 Во оној ден ќе се смали Јакововата слава, ќе ослаби дебелината на неговото тело.

5 Ќе биде како жетвар кога го фаќа житото, а раката му го жние класјето, како кога се собираат класови во Рефаимската Долина -

6 ќе останат само побироците; или како кога се тресе маслинката: две-три маслинки сосем на врвот, четири или пет на гранките на дрвото - Слово е на Господа, на Израелевиот Бог.

7 Во оној ден човекот ќе погледне на својот Создател и ќе ги втренчи очите кон Израелевиот Светец.