11 тие порастуваат, во денот кога ги посадуваш, а наутро расцветуваат твоите подници, но жетвата пропаѓа во ден на неволја, во ден на неизлечива тага.
12 Ах, шум на многубројни народи, шумат како што шуми морето; шум на народи што шумат, како што шумат големите води.
13 Шумат народите како што шумат силните води, но кога Тој ќе им се закани, бегаат далеку, развевани низ горите како плева на ветер, како правот во виор.
14 Ете, навечер страв; пред разденување веќе го нема: тоа е судбината на оние кои нè пленуваат и коб на оние што нè ограбуваат.