1 Тешко ти земјо со крилести бубачки, отаде етиопските реки,
2 тебе - која испраќаш гласници по море, и по вода во рогозови бродови: „Одете, брзо брзоодци, кон високиот народ, со темна кожа, кон народот од кого се бојат отсекогаш, народ жилав, завојувачки, чија земја е избраздена со реки.”
3 Сите жители на земниот круг, и вие, жители на земјата, кога ќе се дигне знамето на ридот, гледајте; кога рогот ќе затруби, слушајте.
4 Зашто вака ми зборува Господ: „Мирно ќе гледам од Своето место, како пладневната проѕирна жега, како росен облак за време на жетвената горештина.”
5 Пред бербата, кога лозјата процветуваат, и цветот узрева во гроздови, со ножеви ќе ги пресечат подниците, ќе ги подврзат, ќе ги отстранат гранките.