1 Пророштво за Египет. Ете, Господ седи на брз облак, доаѓа во Египет. Египетските идоли треперат пред Него, срцето на Египетците им примрува во градите.
2 „Ќе ги подбуцнам Египетците против Египетците, и брат ќе се бори против брата си; другар против другар, град против град, и царство против царство.
3 И духот на Египет ќе изнемошти, Јас ги спречувам неговите намисли; тие бараат идоли и вражалци, повикувачите на мртви и гатачи.
4 Ги предавам Египетците во рака на жесток господар, свиреп цар ќе владее над нив” - Слово е на Господа над Воинствата.
5 Ќе ја снема водата од морето, Реката ќе секне и ќе пресуши,
6 ќе засмрдат прокопите, ќе спаднат и ќе пресушат разделниците на Египетската Река. Ќе овенат: трската и рогозот,