Исаија 19:19-25 MKB

19 Во оној ден Господовиот жртвеник ќе биде среде Египетската Земја и столбот посветен на Господа близу до неговата граница.

20 Тоа ќе биде знак на Господа над Воинствата и сведоштво во Египетската Земја. Кога ќе Го повикаат Господа против угнетувачите, Тој ќе им испрати спасител и водач за да ги избави.

21 И ќе им се објави Господ на Египетците, и во оној ден Египетците ќе Го познаат Господа; ќе Му служат со жртви и приноси, ќе се заветуваат и ќе ги извршуваат заветите.

22 Господ ќе ги удри тешко Египетците, ама ќе ги излечи.

23 Во оној ден патот ќе води од Египет до Асирија. Асиријците ќе доаѓаат во Египет, а Египетците во Асирија. Египет и Асирија ќе Му служат на Господа.

24 Во оној ден Израел, ќе биде трет со Египет и Асирија, ќе биде благословен среде земјата.

25 Господ над Воинствата ќе го благослови: „Нека е благословен, ќе рече, Мојот Египетски народ, делото на Моите раце Асирија и Моето наследство Израел.”