5 Ќе ја снема водата од морето, Реката ќе секне и ќе пресуши,
6 ќе засмрдат прокопите, ќе спаднат и ќе пресушат разделниците на Египетската Река. Ќе овенат: трската и рогозот,
7 сето зеленило покрај Нил; сите посеви покрај Нил ќе се исушат, ќе пропаднат, ќе се распрснат, ќе исчезнат.
8 Рибарите ќе тажат, ќе ридаат сите што фрлаат јадица во Нил; ќе жалат оние што оптегаат мрежа во водата.
9 Ќе се засрамат преработувачите на лен, гребенарите и ткајачите на бели ткаенини.
10 Ткајачите ќе се нажалат, работниците ќе се растажат.
11 Соанските кнезови се вистински безумници, мудрите фараонови советници советуваат неосновано; како се осмелувате да му речете на фараонот: „Ученик сум на мудреците, ученик на древните цареви?”