8 Рибарите ќе тажат, ќе ридаат сите што фрлаат јадица во Нил; ќе жалат оние што оптегаат мрежа во водата.
9 Ќе се засрамат преработувачите на лен, гребенарите и ткајачите на бели ткаенини.
10 Ткајачите ќе се нажалат, работниците ќе се растажат.
11 Соанските кнезови се вистински безумници, мудрите фараонови советници советуваат неосновано; како се осмелувате да му речете на фараонот: „Ученик сум на мудреците, ученик на древните цареви?”
12 Па каде се твоите мудреци? Нека ти соопштат и нека ти откријат што намисли Господ над Воинствата со Египет.
13 Соанските кнезови се луди, мемфиските кнезови се измамени, тие го заведуваат Египет, главатарите на неговите племиња.
14 Господ влеа во нив зашеметен дух, па го заведуваат Египет во секое негово дејство, за да тетерави како пијаница кога блува.