Исаија 2:1-6 MKB

1 Видение на Амосовиот син Исаија, за Јудеја и за Ерусалим:

2 Ќе се случи на крајот на деновите: Гората на Господовиот Дом ќе биде поставена над сите гори, возвишена над сите брегови. Кон неа ќе одат сите народи,

3 ќе се втурнат многу племиња и ќе речат: „Ајде, да се искачиме на Господовата Гора, да отидеме во Домот на Јакововиот Бог. Тој ќе нè научи на Своите патишта, ќе одиме по Неговите патеки.” Зашто Законот ќе дојде од Сион, Господовото слово од Ерусалим.

4 Тој ќе им биде судија на народите, ќе им суди на многу племиња, кои ќе ги прековат мечевите во плугови, а копјата во српови. Нема повеќе народ да дига меч против народ, ниту ќе се учи веќе на војување.

5 Јаковов доме, дојдете, да одиме во Господовата светлина!

6 Да, Ти го отфрли Својот народ, Јакововиот дом, зашто е полн со вражалци од исток и гатачи како Филистејците, се побратимуваат со туѓинци.