13 против сите либански кедри и против сите васански дабови;
14 против сите вишнати гори и против сите издигнати брегови;
15 против секоја висока тврдина, и против сите цврсти ѕидови;
16 против сите тарсиски бродови, и против сите раскошни бродови.
17 Човечката гордост ќе падне и човечката висина ќе се понижи. Господ ќе се возвиши, единствено Тој - во оној ден,
18 и идолите на нечистите божества ќе ги снема без трага.
19 Ќе влезат во дупките меѓу пештерите и во земните дупки, пред Господовиот ужас, пред сјајот на Неговото Величество, кога ќе стане да ја растресе земјата.